Премиерот Никола Груевски и шефот на дипломатијата, Никола Попоски побараа Европскиот Совет да ја валоризира третата по ред препорака на Европската Комисија и во декември да одреди датум за старт на пристапните преговори со Македонија.

Премиерот Груевски, побара од Европската Унија билатералните прашања да не бидат пречка за европската иднина на регионот.

„И покрај сета апсурдност на спорот со името, Македонија е активна и конструктивна во разговорите со Грција за надминување на разликите околу името, кои се водат под покровителство на Обединетите Нации. Она што е потребно е и грчката страна активно и конструктивно да придонесе во разговорите со цел без натамошно одлагање да се изнајде заедничко прифатливо решение кое нема да наштети на јазичната и културната самоидентификација ниту на македонскиот, ниту на грчкиот народ. Сметам дека напредокот на земјите аспиранти во исполнувањето на Копенхашките критериуми треба да остане единствен критериум за напредок кон членството во Европската Унија. Билатералните прашање не треба да го држат во заложништво пристапниот процес на Балканот, затоа што тој е круциален фактор за земјите од регионот“, рече Груевски.

OhridNews