Македонската женска ракометна репрезентација од денес во наредните три дена во Драма, Грција ќе се бори за бараж меч за пласман на Мундијалот во Бразил.


Македонските ракометарки под палката на Гино Стрезовски првата средба ќе ја имаат вечерва од 19.30. Во втората рунда ќе играме против Азербејџан, додека во последното против Швајцарија.

Македонскиот тим кој го предводат интернационалките Портјанко, Охоланга, Илкова, Црвенковска, Кресоја заедно со „домашните“ Бајрамовска, Новеска, Мечевска, Андрејева, треба да ја искористи оваа шанса за да не врати меѓу најдобрите.

Ohridnews