Серијата слаби резултати на македонската фудбалска репрезентација не сместија во петтиот шешир од квалификациите за Светското првенство што во 2014 година ќе се игра во Бразил.


Ждрепката за квалификациите за Светското првенство 2014. година ќе се одржи на 30 Јули, а квалификацискиот процес останува ист како и за СП 2010. година.


Девет тимови автоматски се квалификуваат за Бразил, нив ќе им се придодаде најдобрата втора, додека осум второпласирани тимови ќе се борат за преостанатите четири места.


Шеширите за квалификациите за СП 2014 година:

1 шешир: Шпанија, Холандија, Германија, Англија, Португалија, Италија, Хрватска, Норвешка, Грција.

2 шешир: Србија, Словенија, Русија, Франција, Црна Гора, Швајцарија, Словачка, Данска, Шведска.

3 шешир: Турција, Чешка, Израел, Ирска, Украина, Белгија, Романија, Бих, Бугарија.

4 шешир: Литванија, Албанија, Унгарија, Белорусија, Грузија, Ерменија, С.Ирска, Шкотска, Полска.

5 шешир : Австрија, Естонија, Латвија, Финска, Македонија,Молдавија, Кипар, Азербејџан, Велс.

6 шешир : Исланд, Луксембург, Ф.Острови, Казакстан, Лихтенштајн, Малта, Андора , Сан Марино.

М.П.