Најдобрата македонска фудбалска репрезентација до крајот на годината ќе има уште една контрола. На 22 декември во Триполи, Македонија ќе одигра пријателски натпревар со репрезентацијата на Либија.

Селекторот на македонската репрезентација Мирсад Јонуз, истакна дека се работи на обезбедување на противници за слободните термини во 2010 година, а за првиот термин на 3 март се преговара со неколку федерации за одигрување на пријателски натпревар во Скопје.


За претстојниот натпревар во Либија, селекторот Мирсад Јонуз најави дека ќе ги повика сите слободни фудбалери кои настапуваат во странство.

ohridnews