Во Македонија денеска ќе се одржат претседателски избори. Во трка за шеф на државата се четворица кандидати. Доколку ниту еден од нив не го добие потребниот број на гласови за победа во првиот круг, ќе се одржи втор круг на 27 апррил.
За победа во прв круг кандидатите треба да освојат мнозинство гласови од вкупниот број евидентирани гласачи. Во вториот круг одат двајца кандидати со најголем број гласови. Ќе победи тој што ќе освои повеќе гласови, под услов на изборите да излезат најмлаку 40 проценти од вкупно евидентираните гласачи.
Доколку во вториот круг никој од кандидатите не го добие потребното мнозинство се повторува изборната постапка.
Првите претседателски изботи во Република Македонија се одржаа во 1994 година, вторите во 1999, третите во 2004, а четвртите во 2009 година. Првиот претседател на самостојна Република Македонија Киро Глигоров беше избран во парламентот во 1991 година.
OhridNews