Македонската женска кошаркарска репрезентација забележа убедлива победа над Гибралтар со 83-36 во првата рунда од Европскиот шампионат за мали земји што се игра во Охрид.
“Црвено-жолтите“ немаа никакви проблеми со гостинките кои во првото полувреме постигнаа девет односно пет поени.
Единствениот период кога гостинките ја минаа двоцифрената бариера беше третиот кога уфрлија 14 поени.
Наспроти нив избраниичките на Милкова го полнеа кошот постигнувајќи 54 поени во првото полувреме. Вториот дел селекторот го искористи да им даде шанса на сите кошаркарки.
Македонија : Удовалиева 3, Тантуровска 14, Секулоска, Гаврилоска 15, Димовска 6, Живковиќ 3, Раденковиќ 12, Митрашиновиќ 5, Муса 8, Агиќ, Иванова 7, Решкоска 10.
Во наредното коло утре се игра директната пресметка за првата позиција против репрезентацијата на Австрија.
М.П.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com