Сончево и топло време со умерена облачност ќе преовладува и во текот на денешниот ден. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и југозападен правец. Максималната дневна температура ќе се искачи до 32 степени Целзиусови, а во Охрид ќе биде посвежо за речиси 10 степени, информираат од УХМР Македонија.
Веќе од утре ќе настапи дестабилизација која ќе биде проследена со врнежи од дожд, на места во форма на невреме. Слично време не очекува и во среда и четврток.
OhridNews