Организаторот на Светското првенство во ракомет кое се игра од 11 до 27 јануари во Шпанија, Македонија ја претстави под уставното име. Македонија која во светската куќа на ракометот е примена под референцата “ФИРОМ“ на мундијалот ќе настапува под Република Македонија. Минатата година на Европското првенство во Србија, Македонија беше претставувана како бивша југословенска република Македонија (БЈРМ).


Мх.П.