Во Охрид денеска ќе преовладува сончево и многу топло време со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност со можност за пороен дожд и грмежи. Maксималната дневна температура ќе достигне до 32 степени Целзиусови, а индексот на УВ зрачење ќе биде висок и ќе изнесува 9, инфрмира УХМР Македонија.

И во недела ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне во западните делови нестабилно со локален пороен дожд.

До крајот на месецот продолжува периодот на многу топло време, со максимални температури насекаде над 30, а вдолж Повардарието и над 35 степени. До вторник во попладневните часови ќе има услови за појава на локален пороен дожд и грмежи. 

OhridNews