Македонската ракометна репрезентација победи во првиот од двата планирани пријателски меча со репрезентацијата на Египет со 33-29. Избраниците на Звонко Шундовски до победата стигна благодарение на подобрата игра во финишот на мечот кога беше скршен отпорот на гостите.


Капитенот Лазаров и ветеранот Алушовски со десет постигнати погодоци беа најпрецизни во нашиот состав. Вечерва во Куманово ќе ја одиграме и втората тест средба против Египет кој во Македонија се подготвува за престојното Светско првенство во Шведска во јануари.

М.П.