Македонската женска ракометна репрезетнтација со победа ги започна натпреварите од преткавлификацискиот турнир во Драма, Грција.  Македонија беше подобра од домаќинот Грција со 27-21(13-12).


Избраничките на Гино Стрезовски беа инфериорни само во првите десет минути кога бевме во два гола негатива. Потоа “црвено – жолтите“ ја превзедоа играта во свои раце, а до крајот на првиот дел поведовме со 13-12. Лесно се одлепивме во вториот дел кога на моменти имавме и по седум гола предност.

Бајрамоска со 7 гола и Папуџиева со шест погодоци беа најпрецизни во нашиот состав.

Во останатиот натпревар Азербејџан и Швајцарија ремизираа играјќи 29-29. Во втората рунда утре играме против репрезентацијата на Азербејџан.

М.П.