Македонските ракометарки загубија од Австрија 19:28 (10:14) во второто коло на квалификацискиот турнир за пласман на Светското првенство кој се игра на Фарските острови. Македонските репрезентативки им парираа на Австријките само во првите 15 минути кога противничките постигнаа четири гола и се „одлепија“ на 5:9. Иако Македонските не се предаваа и држеа приклучок противничките со истовтна серија во 42.минута создадоа предност од шест гола 13:19.
Во завршницата Австријките стигнаа и до максималната предност од девет голови 15:26, со која и го заклучија натпреварот со конечните 19:28.
Сара Ристовска беше најефикасна кај Македонија со осум голови. Во последниот меч од групата Македонија, в недела од 17 часот, ќе игра против Исланд.
ohridnews