
Иако на полувремето Македонија имаше 5 гола предност (21:16), полјакините во продолжението го искористија неверојатниот пад во играта на нашата репрезентација и со 19:12 во второто полувреме стигнаа до мошне важен триумф.
На избраничките на Портној утре и задутре им претстојат уште два исклучително тешки натпревари против Норвешка и Германија.
Со поразот од Полска, Македонија веројатно ги загуби шансите за пласман меѓу првите 8 на првенството и најверојатно ќе разигрува за 11 позиција.
Македонски навивачи во Шведска











