Претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов како покровител на Македонското претседателство со Европскиот форум за намалување на ризици од катастрофи 2010 – 2011 година, денеска ќе се обрати на отворањето на вториот состанок на овој Форум.
 
Македонското претседавање со Форумот е сериозен придонес на нашата земја кон регионалните и глобалните напори за градење на побезбеден свет. Европскиот форум за намалување на ризици од катастрофи е водечки европски форум, дел од системот на Меѓународната стратегија за намалување на ризици од катастрофи, која работи на превенција на несреќите и катастрофите предизвикани од природата или од човечки фактор, како и на намалување на последиците од нивното настанување, информитраат од Кабинетот на претседателот Иванов.

OhridNews