Природните убавини, културното богатство и богатата традиција на Македонија беа претставени на саемот за туризам „TTG-Incontri“ кој 9-ти до 11-ти октомври се одржуваше во Римини, Италија.
Ова саемско претставување е дел промотивните активности за промоција на македонските туристички потенцијали на светскиот туристички пазар кој ги организира ,,Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот.
-На овој саем Република Македонија е претставена за прв пат, со што на мапата на светот се претстави како привлечна и потенцијална дестинација која нуди големи можности за соработка и вмрежување помеѓу туристичките фактори. Беа остварени средби со повеќе од 50 туроператори ориентирани за outgoing туризам меѓу кои едни од најголемите тур оператори на Италија, како што се Malatesta Viaggi, Viaggi del Elefante, Intermar, AlbaTravel и други, информираат од АППТ.
На интернационалната туристичка манифестација „TTG-Incontri“ биле претставени повеќе од 60 земји и над 1000 туроператори учесници, кои привлекле околу 52.000 посетители.
Според распоредот на настани, по претставувањето во Италија, македонската туристичка понуда ќе биде претставена и на Саемот за туризам во Познан, Полска кој ќе се одржува од 23-ти до 25-ти октомври 2014 година.
OhridNews