Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на брендиран штанд, за прв пат, ги презентира туристичките потенцијали на Македонија на најголемиот Саем во Нордиските земји, кој од 20- ти до 23- ти јануари се одржува во Финска.


На самото отварање на Саемот преставници од Владата на Финска и посакале добредојде на Република Македонија како учесник на Саемот. Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот во соработка со  економскиот промотор, на самото отварање на Саемот , заедно со туроператорот Ауринкоматкат органзираа прием за новинари и туроператори – соработници на Ауринкоматкат, кои ги продаваат аранжманите за Македонија. На самиот прием се дегустирала македонска традиционална храна и вино.


Ауринкоматкат изразил задоволство од презентирањето и учеството на Саемот, а воедно изјавил  дека веќе 40 проценти од аранжманите се продадени. Директорот на Агенцијата Зоран Стрезовски, пак  го информирал директорот на Ауринкоматкат за мерките кои ги превзема  Владата од аспект на субвенциите и промоцијата.


Организацијата на саемското презентирање, Агенцијата ја реализира во соработка со економскиот промотор Катерина Оровчанец и претседателот на Македонско – Финското друштво,  Рубин Маркоски.

OhridNews