Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот туристичките потенцијали на Македонија ги презентираше на Саемот за туризам што се одржа од 06-08 Април 2011 година во Приштина. На брендираниот Macedonia Timeless штанд, на потенцијалните туристи им беа презентирани туристичките потенцијали на Македонија.


Штандот го посетија голем број заинтересирани туристички работници и потенцијални туристи и беа остварени средби со повеќе туроператори и новинари од Косово. Од разговорите со истите, беше истакнат се поголемиот интерес на косовските туристи за посета на Охридско-струшкото крајбрежје, особено за викенд аранжмани, информираат од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот.

OhridNews