Ватерполо репрезентацијата на Македонија за противник во баражот ја доби репрезентацијата на Франција.


Првиот натпревар се игра на теренот на противникот на први октомври, а реваншот е во Скопје на 29. октомври. Поуспешниот од двата меча ќе земе учествува на Европското првенство што од 16. до 29. јануари 2012. година ќе се одржи во Ајндховен, Холандија.

Македонската репрезентација токму со победата над Франција со 9:8 во Волос на претходните квалификации избори учество на Европското првенство што 2010 година се одржа во Загреб.

Во другите бараж натпревари ќе играат: Германија – Малта, Грција – Словачка, Русија – Шпанија, Грузија – Романија и Словенија – Турција. Поуспешните реперезентации од баражите ќе играат на ЕП, каде пласман веќе имаат обезбедено: Хрватска (европски шампион), Италија, Србија, Унгарија, Црна Гора и Холандија (домаќин).

Ohridnews