– Ако некоја селекција напредува во овој период, тоа е Русија без никаква дилема. Имаат квалитетни ракометари и опасни се како тим. Открија одлични замени за Растворцев и Игропуло што им нуди дополнителни решенија во нападот – потенцираше селекторот на Македонија, Ѕвонко Шундовски.
Македонската ракометна репрезентација на мечот против Исланд целосно потфрли во нападот. Исланѓаните успеаја во намерите да го запрат капитенот Лазаров, кој постигна четири голови, два од седумте метри.
– Русија против Данска ги покажа слабостите, а ние ги воочивме и ќе треба да ги искористиме. Но пред се треба и ние да се поправиме и да одиграме еден натпревар како знаеме и можеме. Поискусни се од нас, но сигурно не ја посакуваат победата повеќе од нас – истакна Бранислав Ангелоски.
Натпреварот против Русија, Македонија го игра во 15:45 часот.