Македонската фудбалска репрезентација вечерва 20.30 миунти на стадионот Пасиенки ќе го одигра првиот квалификациски меч за Евро 2012. На средбата со новинарите селекторот Мирсад Јонуз порача дека Македонија е дојдена да даде гол и да се обиде да извлече поволен резултат.
– Дојдовме овде да дадеме гол. Ке се обидеме да го сториме тоа. Играме против репрезентација која за некои беше изнеандување на светското првенство, но не и за мене. Словачка има добра селекција на игрчи, добар селектор, тимот има карактер, во преден план избива колективот, а токј секогаш исфрла на површина поединец кој може да реши натпревар без разлика дали тоа е Хамшик, Витек, Сток, Веис.Словаците имаат млад тим, но искусен, и со право очекуваат пласман на Европското првенство. Играат дисциплинирано, трпеливо меѓутоа ние сме тука да се обидеме да ги нарушиме нивните сметки. Би бил најсреќен кога би победиле. Но, тоа однапред не може да се каже бидејќи како што е животот авантура, истото важи и за фудбалот – изјави Јонуз.
Македонија на мечот со Словачка, како капитен ќе ја предоводи најдобриот стрeлец во својата историја Горан Пандев. –Ја гледав Словачка на СП во мечот со Италија. Но, истото важи и за целата словачка селекција. Ќе биде тежок натпревар за нас, но не се предаваме. Имаме искуство, дел сме од тешка група која ни дава шанса да покажеме дека можеме против секого. Редно време е нашата репрезентација да постигне добри резултати во едни квалификаци – порача нашиот капитен Горан Пандев.
Словачкиот селектор, Владимир Веис, верува посочи дека има проблеми со составот. Првично отпаднаа Чех и Шестак, сега неизвесни се Витек и Оравец, но верува дека сите останати што ќе ја добијат неговата доверба и ќе оправдаат. – Дуелот со Македонија е од големо значење за нас. Очекуваме победа, но не лесна. Играчите се наоѓаат во добра форма и верувам дека ќе го освојат планираниот плен. Повредени се Витек и Оравец чиј настап е неизвесен. Македонија има неколку добри фудбалери. Пред се Пандев, потоа Попов. Мора да бидеме внимателни бидејќи Македонците дојдоа тука со добри резултати во изминатиот период. Сепак верувам дека квалитетот е на наша страна и дека ќе успееме да победиме. Само треба да бидеме внимателни. Се наоѓаме во тешка група, затоа е важно добро да стартуваме. Математиките ќе има доста до крајот, сите репрзентации имаа свои сметки– , изјави Веис.
По кратко боледување на 70-годишна возраст почина познатиот македонски фудбалер Васил Рингов Рингов имаше блескава фудбалска кариера во која го носеше дресот на Беласица, Партизан од Белград и Вард...
Гоце Седлоски официјално е промовиран за селектор на македонската А репрезентација, информира ФФМ Од оваа репрезентација ќе барам максимален ангажман, храброст и желба за докажување на секој натпре...
Целосно се комплетирани активностите за реконструкција на спортските игралишта во подрачниот објект на ООУ „Григор Прличев“ во населба Рача и игралиштето во станбениот комплекс на ул „7 Ноември“ &n...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.