Македонската кошаркарска репрезентација вечерва во салата Борис Трајковски во рамките на квалификациите за европското првенство во Литванија 2011 година ја пречекува селекцијата на Украина.


Македонија е фаворит на мечот против Украина, која во Јужни ја победивме  со 71-58 . Во групата Б на чело на табелата со 8 бода односно еден повеќе од нашата селекција се наоѓа Велика Британија додека Босна и Херцеговина, Унгарија и Украина имаат по пет бода.

Вечерашниот натпревар стартува во стандардниот термин за натпревари на домашен терен 20 часот и 45 минути.

Ohridnews