Македонската ракометна репрезентација со убедливи 37-21 (19-11) ја совлада селекцијата на Саудиска Арабија во подготвителниот натпревар кој двете селекции го одиграа во Белград, Србија.
„Црвено жолтите“ во целост го покажаа својот квалитет и забележаа лесна и висока победа која влева поголема самодоверба и надеж за поволен исход на Европското првенство во Хрватска.
Сепак, посериозниот тест и генералката пред континенталниот собир за пулените на Раул Гонзалес ќе биде дуелот со Србија кој исто така ќе се одигра во Белград.
Во листата на стрелци на мечот со Саудиска Арабија се истакнаa Филип Талески и Гоце Ојлески со пет голови, Мартин Попоски финишираше со четири, а по три реализираа Дејан Манасков, Кирил Лазаров, Никола Маркоски, Гоце Георгиевски и Горан Кузманоски.
OhridNews