Најдобрата македонска селекција со две реми ги заврши подготовките во Турција. После ремито без голови со Финска во првиот меч, избраниците на селекторот Игор Ангеловски ремизираа со Азербејџан (1-1) во втората контролна средба.

Натпреварот со Азербејџан кој нашата селекција го започна со неколку измени во однос на оној со Финска не стартуваше најдобро, откако Ричард Алмеида во 6-та минута погоди за водство 1-0 од белата точка.

 

Негативата не ги обесхрабри „црвено жолтите“ кои продолжија со својот стил на игра. Наградата стигна многу бргу, односно во 22-та минута кога пеналот направен над Горан Пандев во погодок го претвори Александар Трајковски.

 

Интензитетот на играта во второто полувреме и покрај серијата измени не се намали, но никоја од двете селекции не успеа да постигне втор погодок.

OhridNews