
Македонија поведе на мечот со голот на Горан Пандев во 54 минута, а израмнувањето уследи само 6 минути подоцна преку Андроник.
Натпреварот со Молдавија беше последна подготовка на македонската репрезентација пред продолжување на квалификациите за пласман на СП и натпреварот со Холандија на гости.
Покрај сениорите денеска свој настап имаа и репрезентативците до 21 година кои исто така во пријателски натпревар загубија од своите врсници од Хрватска на гости со 2:1.










