Македонската фудбалска репрезентација одигра нерешено, 1:1 со Полска во пријателски контролен натпревар што се одигра на неутрален терен вечерва во германскиот град Ројтлинген.

Македонија поведе со голот на Роберт Петров во 45-та минута, а полјаците израмнија преку Матушијак од пенал на 7 минути пред крајот.

Понеделник е невообичаен ден за меѓународен фудбал, но со оглед на тоа што претстои Европското првенство во Австрија и Швајцарија репрезентациите го користат секој можен термин за подготовка. Полска е учесник на континенталниот собир, додека Македонија се подготвува за претстојниот циклус квалификации за пласман на Светско првенство.

ohridnews