Македонската фудбалска репрезентација “ни крива, ни должна,“ забележа скок од две места на најновата ранг – листа на фудбалските репрезентации на ФИФА.


Од 81 место сега е на 79, но не поради некој свој резултат, бидејки бодовите останаа исти, туку благодарејќи на тонењето од 11 места на Бенин и 4 места на Саудиска Арабија кои претходно беа подобро пласирани од Македонија.

Македонија во нашата квалификациска група за ЕП 2012 единствено е подобро пласирана од Андора.

Ohridnews