Македонската кошаркарска репрезентација го задржа максималниот учинок во мечевите по групи победувајќи го Велс со 106-48. Македонија во полуфиналето ќе игра против второпласиранта од А групата селекцијата на Шкотска.
–
Тактички и физички сме најдобра селекција, но тоа треба да го покажеме на теренот на дуелот. Потребен ни е еден меч мотивиран како оној против Австрија ако сакаме да обезбедиме пласман во финалето. Селекцијата на Шкотска си има свои адути во играта, ние тие треба да ги неутрализираме и да ја постигнеме нашата цел – вели селекторот Лидија Милкова.
На последниот тренинг пред мечот против Шкотска, видно беше расположението кај девојките кои ја потврдија својата желба за пласман во финалето.
– Атмосферата во репрезентацијата е одлична, девојките го посакуваат златниот медал и се ќе направат да стигнат до него. Од ова ЕП започна смената на репрезентацијата и би било одлично тоа да се круниса со златен медал – завршува Милкова.
Мечот Македонија – Шкотска се игра во 18.45 минути, во останатото полуфинале од 21 часот Малта ќе игра против Шкотска. Финалниот меч се игра во недела од 19 часот.
М.П.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com