Намалена видливост поради појава на магла има на патните правци Велес-Штип (до 100 метри), Прилеп-Кичево (50 метри), Прилеп-Крушево (30-50 метри), Скопје-Велес (30-50 метри), Неготино-Велес (50-100 метри).
И додека Македонија се гуши во магла Охрид викендов се капеше во сонце. Убавото време охриѓани го искористија за прошетка покрај езерото. Кејот и рекреативната патека кон Горица вчера вриеше од луѓе кои уживаа на пријатното јануарско сонце.
Македонија се гуши во магла, Охрид се капе во сонце