Женската ракометна репрезентација со три порази во исто толку натпревари го заврши 10-то Европско првенство во Србија.  Трета селекција која се радуваше на триумф над Македонија во групата Б е репрезентација на Данска со 37-30 (17-13).


Во првите дваесет минути избраничките на селекторот Гино Стрезовски беа рамноправен и подобар противник од селекцијата на Данска. Од петтата се до 17-та минута “црвено жолтите“ имаа констатна предност од два погодоци.

По минутата одмор данскиот состав направи серија од 4-0 и прв пат на натпреварот имаше предност од два подоци (11-9).

До крајот на првиот дел “црвените“ ја консолидираа одбраната и ја зголемија предноста и на полувремето заминаа со +4 (17-13).

Македонскиот состав во вториот дел ги направи истите грешки како и на претходните два натпревари во групата против Франција и Шведска.

Неискористени напади, техничките грешки и порозната одбрана ја искористи данската селекција да се одлепи на високи +10 (28-18).

Селекторот на Данска им даде шанса на сите ракометарки на кои не им пружи прилика на минатите два натпревари. Но и тие беа пресилни за составот на Македонија која неславно го заврши континенталниот собир во Србија.

Најпрецизни ракометаркиа во македонскиот состав се Јулија Николиќ и Билјана Црвенкоска со седум погодоци додека најефикасна на мечот беше Аугустенсен со осум погодоци.

Мх.П.