Македонија се уште чека на постапката за екстрадиција од Косово на првообвинетите Алил Демири и Африм Исмаиловиќ, во счујачот „Монструм“.

Како што денеска изјави Министерот за правда, Блерим Беџети, постапката за нивно доведување пред скопскиот суд е во тек, без да се прецизира точниот датум за нивна екстрадиција.

Во име на Министерството за правда веќе се имаме изјаснето за екстрадицијата. Постапката тече како и за сите други екстрадииции и комуникацијата меѓу македонското и косовското министерство за правда е одлична.“ – изјави Беџети, на новинарско прашање на денешната конференцијата за Проектот за македонската судска пракса.

Во операцијата на специјалните тимови на косовската полиција, во населбата Суннѕ Хилл во Приштина, на почетокот од месецот беа приведени Африм Исмаиловиќ. (33) и  Алил Демири (28) двајцата од Скопје, главни осомничени за петкратното убиство што минатата година се случи кај Смилковското езеро.

Немилиот настан се случи на 12-ти април минатата година, кога на свиреп начин беа застрелани четворица тинејџери и 45-годишниот Борче Стефковски од скопското село Црешево. Освен Алил Демири и Африм Исмаиловиќ, за тероризам и за помагање во тероризам се товарат и Агим Исмаиловиќ, Фејзи Азири, Рами Сејди, Хаки Азири.

OhridNews