Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Лино Червар ќе поведе 19 ракометари на Мундијалот во Франција кој ќе се одржи од 11 до 29 јануари.
Новото и последното кратење на играчкиот кадар не го „преживеаја“ центарот, Ласко Андоновски и десниот бек од Металург, Велковски.
Червар во составот има тројца голмани меѓу кои чуварот на мрежата на Охрид, Благојче Трајкоски и екс голманот, Кирил Колев. Исто така има и тројца пикери, по две крила на позициите и бекови.
„Црвено жолтите“ собирот на сите ѕвезди ќе го започнат против селекцијата на Тунис на 16 јануари.
Составот:
Голмани: Кирил Колев, Благојче Трајковски, Никола Митрески
Пикери: Стојанче Стоилов, Жарко Пешевски, Никола Маркоски,
Крила: Дејан Манасков, Гоце Ојлески, Гоце Георгиевски, Мартин Поповски
Бекови: Филип Лазаров, Кирил Лазаров, Влатко Митков, Филип Талески, Стефан Дрогришки, Велко Маркоски, Марко Нелоски, Филип Миркуловски, Ристо Арнаудовски
OhridNews