Македонската ракометна репрезентација со триумфот од 25-19 над Бих го потврди пласманот на ЕП што во 2012 година во Србија. Нашиот пласман на континеталниот собир беше претходно потврден, па така мечот со Бих, преставуваше само формалност.


Во прекрасен амбиент во спортската арена “Борис Трјаковски“ избраниците на Звонко Шундовски одиграа онолку колку што беше потребно да се слави победата и пласманот на ЕП.

Лазаров со шест и Мојсоски со пет гола беа најпрецизни во нашиот тим. Својот дебитантски погодок во својот деби меч го постигна Дејан Манасков син на прославениот македонски ракометар Пепи Манасков.

На Европското првенство во Србија покрај домаќинот и селекцијата на Франција пласман обезбедија Унгарија, Македонија, Хрватска, Шпанија, Полска, Словенија, Шведска, Словачка, Германија, Исланд, Норвешка, Чешка, Данска и Русија.