Во побендичка атмосфера македонската кошаркарска репрезентација која по триумфот над Нов Зеланд го освои  „Трофеј Македонија 2011“ патува за Германија каде ќе ги одигра последните два подготвителни натпревари пред Евробаскетот.


– На турнирот во Скопје пробувавме различни варијанти како против Нов Зеланд така и против Црна Гора. Задоволен сум и од одбраната која ја игравме“, рече селекторот Марин Докузовски.


Во среда репрезентацијата патува за Минхен и Берлин каде ќе одигра два пријателски натпревари
против Германија, а потоа од таму, директно патува за Вилнус.

Ohridnews