Македонската кошаркарска репрезентација со пораз од Словенија 62-51 (10-24, 14-7, 11-11, 10-10) го заврши своето петто учество на Европските првенства во кошарка.
Групната фаза е реалност за „црвено жолтите“ кои претрпеа четири порази во пет натпревари во четвртото учество по ред на континенталните натпреварувања.
Во последниот меч во кој Македонија се уште имаше шанса за пласман во нокаут фазата не покажа желба за победа и претрпе заслужен пораз од словенците.
Македонија во групата Ц единствено славеше против Холандија, која пак сега има голема шанса за пласман понатаму откако во меѓусебниот дуел ја совлада Грузија.
Мх.П.












