Македонската ракометна репрезентација со старо-нов парнер во името на „Телеком“ ќе отпатува на Европското првенство во Хрватска кое започнува на 12 јануари, а ќе трае до 28 јануари. Ракометната федерација на Македонија (РФМ) се враќа на стариот партнер, откако неколку години соработуваше со ВИП компанијата.
– Најдобрите одат со најдобрите. Денеска ја имаме честа спортот број 1 во Македонија, а тоа е ракометот, заедно со Телеком да почнат да фунскионираат заедно и јас сум многу среќен што потпишуваме ваков договор за партнерство. Апсолутно сум убеден дека ќе дадеме се од себе и дека ќе ја направиме Македонија горда. Уште еднаш благодарност до Телеком. – изјави претседателот на РФМ, Живко Мукаетов.
Македонија првиот меч го игра в сабота со почеток во 19 часот и 30 минути против Словенија, додека останатите два мечеви со Црна Гора и Германија ги игра во понеделник односно среда.
OhridNews