Македонската ватерполо репрезентација на отварањето ќе му спарингува на актуелниот шампион и трикратен победник на ова натпреварување Србија.


Покрај првакот Србија, Македонија новата сезона од светската лига во ватерполо ќе игра против Шпанија и Германија.

Распоред на мечевите:
11.11.2010 Србија – Македонија
07.12.2010 Македонија – Шпанија
25.01.2010 Германија – Македонија
22.02 2011 Македонија – Србија
22.03 2011 Шпанија – Македонија
19.04 2011 Македонија – Германија

По завршувањето на континеталниот собир во Италија, каде Македонија се пласираше на последното место селекторот Нонковиќ ја напушти македонската клупа и моментално “црвено – жолтите“ се без предводник.

Во втората група играт Црна Гора, Турција, Русија и Романија, додека во третата група  Хрватска, Холандија, Грција и Италија.

Ohridnews