Женската ракометна репрезентација со триумф над Фарски Острови 21-19 (8-8) ги започна квалификациите за Мундијалот следната 2017 година.
Со победата над Фарски Острови, избраничките на Симе Симовски ставија точка на црната серија без победа, која траеше четири години, односно од 2012 година.
„Црвено жолтите“, отпорот на противничките го скршија на средината од вториот дел кога поведоа 16-13. Предноста на семафорот нашите ракометарки ја задржаа до крајот на мечот за конечна победа.
Во другиот меч од групата, Исланд славеше со 28-24 против Австрија која е следен ривал на Македонија. Женската репрезентација турнирот го завршува со Исланд, а првите две селекции во групата обезбедуваат пласман во бараж мечевите за СП.
OhridNews