Македонската кошаркарска репрезентација ќе биде во четвртиот шешир пред ждребот во Вилнус на 29 јануари, за Европското првенство кое ќе се одржи во Литванија од 31 август до 18 септември оваа година.


Македонската кошаркарска репрезентација е 14-то рангирана, па според тоа ќе се најде во четвртиот шешир заедно со селекциите на Велика Британија, Израел и Грузија.

Изгледот на останатите пет шешири е следниот:

„Шешир 1“: Шпанија, Србија, Грција и Словенија.

„Шешир 2“: Франција, Хрватска, Русија и Турција.

„Шешир 3“: Германија, Литванија, Црна Гора и Белгија.

„Шешир 5“: Италија, Бугарија, Полска и Босна и Херцеговина.

„Шешир 6“: Украина, Латвија, Квалификант 1 и Квалификант 2.

Последните две селекции кои ќе го пополнат списокот на репрезентации учеснички на ЕП во Литванија ќе бидат познати по дополнителните квалификации кон крајот на август, а за нив ќе се борат селекциите на Финска, Унгарија и Португалија.

Ohridnews