Македонската репрезентација за играчи под 20 години денес ги започнува натпреварите на ЕП – “Б“ Дивизија кое се игра во Тигру Муреш, Романија.
Во 1. коло во “А“ Групата во 15.45 мин Македонија ќе се сретне со селекцијата на Португалија.
Во 2. коло на 2 август Македонија е слободна, а на 3 август Македонија се среќава со Велика Британија.
Во 4 коло (4 август) Македонија ќе игра против Норвешка, а во 5. коло ќе се одигра натпреварот: Македонија – Финска.
Двете првопласирани екипи од групите ќе влезат во четвртфиналните групи.










