Македонската кошаркарска репрезентација на стартот на Евробаскетот во Литванија кој ќе се одржи од 31 август до 18 септември ќе игра против репрезентацијата на Црна Гора.

Првиот меч во од групата Ц ќе игра одигра на 31 август со почеток од 14 часот и 30 минути.

Вториот натпревар на 1 септмеври против Хрватска ќе го играме во централниот термин од 20 часот, додека мечот против нашиот јужен сосед Грција ќе се игра на 3 септември од 17 часот.

Следниот ден во 4 коло од 14 и 30 ќе играме против најдобрата репрезентација од дополнителниот бараж, дуелите во групата Ц ги завршуваме на 5 септември од 20 часот со стариот познаник селекцијата на Босна и Херцеговина.

Пласман во следната фаза обезбедуваат првите три репрезентации од секоја група, кои ќе формираат нови две групи од по шест селекции, четирите првопласирани селекции од двете групи ќе играат во четврт-финалето.

Ohridnews