Македонската женска ракометна репрезентација е на бод од обезбедување на бараж меч за пласман на ракометниот Мундијал во Бразил.


По две одиграни рунди, избраничките на Гино Стрезовски имаат две победи и со четири бода како првопласирани влегуваат во мечот со второпласираната Швајцарија која има бод помлаце.

Македонија беше подобра од Грција со 27-21, потоа од Азербејџан со 26-20. Швајцарија во првото коло ремизираше со Азербејџан 29-29, додека во второто беше убедлива против домаќинот Грција победувајќи со 31-20.

За пласман во баражот на Македонија доволно и е реми. Натпреварот Македонија – Швајцарија се игра во 15 часот.

М.П.