Според податоците на Државниот завод за статистика, стапката на раст на бруто-домашниот производ (БДП) за второто тримесечје од 2012 година бележи намалување од 0.9 проценти, со што Македонија и официјално влезе во рецесија.

Во второто тримесечје од 2012 е забележан најголем пад во секторите: Рударство и вадење камен, во преработувачката индустрија, во снабдувањето со електрична енергија, гас и вода од 6.9 проценти. Во градежништво од 5.1 проценти и во секторот Сообраќај, складирање и врски од 3 проценти.

Финалната потрошувачка на домаќинствата, вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во однос на истиот период од 2011 година, номинално порасна за 2.2 отсто, а нејзиното учество во структурата на бруто-домашниот производ изнесува 79.2 проценти.

За истиот период, извозот на стоки и на услуги забележал намалување во номинален износ од 4.2 проценти, а увозот на стоки и на услуги номинално пораснал за 4.5 отсто.

OhridNews