Репрезентацијата на Македонија ќе биде во четвртиот шешир за време на извлекувањата за кфалификациските групи за Европското првенство 2012 во Украина и Полска. 51 европска селекција ќе бидат распределени во девет групи, од кои шест групи ќе имаат по шест учесници, додека преостанатите три групи ќе имаат по пет учесници.


Ждрепката за квалификациските групи за ЕУРО 2012 ќе се одржи на седми февруари следната година во Варшава.

Состав на сите шест „шешири“:

1. шешир: Шпанија, Германија, Холандија, Италија, Англија, Хрватска, Португалија, Франција, Русија.

2. шешир: Чешка, Грција, Шведска, Швајцариа, Србија, Турција, Данска, Словачка, Романија.

3. шешир: Израел, Бугарија, Финска, Норвешка, Република Ирска, Шкотска, Северна Ирска, Австрија, Босна и Херцеговина.

4. шешир: МАКЕДОНИЈА, Словенија, Летонија, Унгарија, Литванија, Белорусија, Белгија, Велс, Кипар.

5. шешир: Црна Гора, Албанија, Естонија, Грузија, Молдавија, Исланд, Ерменија, Казахстан, Лихтенштајн

6. шешир: Азербеџан, Луксембург, Малта, Фарски Острови, Андора, Сан Марино.