По обезбеденото прво место на турнирот во Драма, Грција, Македонсата женска ракометна репрезентација обезбеди пласман во баражот за Мундијалот во Бразил наредната година.


Противник на Македонија ќе биде една од земјите учеснички на ЕП што од денес ќе започне во Шведска и Норвешка. Во баражот ќе се најдат репрезентациите кои нема да изборат директно учество.

Покрај Македонија уште три репрезентации победнички во своите групи
изборија право на бараж, Полска , Турција  и Чешка.

Ждрепката ќе се одржи на 19 декември.

Ohridnews