
„Macedonia loves you“ е сопствена веб страница на Станислав Пигон. Покрај ова тој подготвува и водич и ЦД со убавините на Македонија. Пигон вели дека неговата веб страница е многу често посетена и од Грци, но ретки се негативните коментари. Пред две години таа била најпосетена во Полска, па дури ги урнала рекордите на Кока Кола и на Пепси.












