Македонската сениорска фудбалска репрезентација од вчера е во Гранада, каде во сабота ќе го одигра квалификацискиот натпревар за пласман на Светско првенство против Шпанија.

Нашите репрезентативци се аклиматизираат и подготвуваат за мечот со големиот фаворит. Попладне избраниците на Ангеловски ќе го имаат последниот тренинг пред средбата со „црвената фурија“.

По три одиграни кола во квалификациите Македонија е без освоен бод, додека Шпанија е без пораз и со 7 бода е лидер во групата во која уште се и Италија, Албанија, Израел и Лихтенштајн.

Натпреварот Шпанија – Македонија се игра во сабота со почеток во 20.45ч..

OhridNews