
Министерство за економија доставило допис до ССК, согласно заклучокот на Влада во врска со поместувањето на времето во Македонија односно усогласување на временската зона како што е во соседните земји Грција и Бугарија.
Имено, Министерство за економија во соработка со МАНУ, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Стопанските комори на Македонија и Бирото за метрологија треба да достави информација со анализа од економски, финансиски и други соодветни аспекти за предностите и негативностите во врска со поместувањето на времето во Македонија.
Ако отидеме еден час понапред, во зоната со Бугарија, Грција, Турција, Романија и други земји, работното време од 8 до 16 часот, кое го прифативме како европски стандард, ќе биде идентично како од 7 до 15 часот. Сега сме во зоната со цела Средна и Западна Европа, освен со Велика Британија и со Португалија.
Сметањето на времето во земјава е регулирано со закон, донесен во 1996 година, во чиј прв член се вели дека се сместуваме во средноевропската временска зона. Тоа значи и дека промената би била исклучиво политичка работа, некој, на пример Владата, ќе треба да предложи измени на овој закон, а Собранието да ги изгласа.
извор:„Макфакс“












