Македонската кошаркарска репрезентација во полн состав го одржа првиот тренинг во пресрет на мечот со Словачка во рамките од третата рунда во претквалификациите. „Црвено жолтите“ имаат две победи во исто толку мечеви, а триумф ќе биде императив и на дуелот со словаците кој ќе се одигра в недела со почеток во 20 часот и 15 минути.

– Поминавме многу добро таму, сега треба истиот да го повториме и на домашен терен. Очекувањата е победа, не размислуваме многу на друго. Имаме 16 играчи, ќе видиме кои 12 ќе го понесат товарот. Сакаме поддршка од публиката, добра игра и победа и да завериме пласман во наредната рунда. Нема да дозволам никакво опуштање, сакам да бидеме максимално фокусирани и да одиграме како што знаеме. Хендрикс имал грип, не тренирал шест дена. Подготвен е, ќе тренира четири дена. Може нема да може да даде 100%, но знаејќи го него како одигра во Словачка, сигурно ќе даде максимум. Тука ќе ги имаме и Трајковски и Костоски, кои сигурно ќе ни бидат од помош. Додека сум селектор, ќе ги повикувам сите што се најдобри во македонската кошарка. А дали ќе играат, тоа е нивно. – истакна селекторот Давитков на првиот тренинг.

Повратникот во македонската селекција Бојан Трајкоски верува во победа иако не знае многу детали околу противникот. – Нема што многу да се зборува за тој меч, сакаме да победиме и на овој дуел во Скопје. Јас не бев на претходните мечеви, но сега сме сите заедно. Сакаме да се покажеме на ниво и да го завршиме циклусот како што треба. Следи меч пред домашната публика, пред која имаме неочекуван притисок, но верувам дека ќе дадеме максимум на домашен терен и ќе завршиме со победа. Немам многу информации за противникот, со асистентите зборувавме на таа тема пред тренингот. Ќе имаме видео-анализа и ќе се подготвиме добро.

Македонската кошаркарска федерација (МКФ) обезбеди слободен влез во СРЦ „Јане Сандански“, а мечот во живо ќе го пренесува и Македонската радио и телевизија.

OhridNews