Македонската ракометна репрезентација во пеколна атмосфера во спортската арена „Борис Трајковски“ ќе ја пречека селекцијата на Исланд во третата рунда од квалификациите за пласман на Европското првенство во Хрватска следната година.


Како што информираше Ракометната федерацијата на Македонија (РФМ) билетите комплетно се распродадени и новиот селектор Раул Гонзалес Гутиерез на македонската клупа ќе дебитира во атмосфера каква што може само да се посака.

„Црвено жолтите“ и Исланд имаат половичен учинок после првите одиграни мечеви во групата победувајќи еден и губејќи еден натпревар. Мечот се игра во 20 часот.

Во првиот натпревар од третата рунда во нашата група Украина славеше над Чешка со 26-23 и изби на чело од табелата.

OhridNews