Македонската футсал репрезентација во Бјалско Бала ќе ги стартуваа квалификациските борби за ЕП во Хрватска 2012г.  Селекторот Васко Скендеровски истакна дека пред неговите избраници е голем предизвик на овај исклучително силен турнир каде за противници имаме селекции кои се дел од европскиот крем.

– Главен фаворит е Португалија но бидејќи и втората позиција обезбедува учество на ЕП очекувам жестока борба во дуелите со домаќинот Полска и Белорусија . Несомнено дека тие се фаворити , но ако се има предвид фактот дека минавме едни успешни претквалификации со максимален учинок, со позитивни резултати во подготвителните средби , мислам дека со полно право можеме да бидеме оптимисти и да ја израдуваме македонската фудбалска јавност воопшто како прва репрезентација која ќе заигра на голем фудбалски настан.

Во тимот го нема повредениот Насковски кој се повреди на претквалификациите, а на негово место повикан е Крстевски.

– Атмосферата е добра. Играчите на турнирот во Скопје покажаа не само мудрост и зрелост, туку и карактер за постигнување добар резултат на натпревари каде што нашиот менталитет доаѓа до израз, односно против силни селекции да загубиме добиени натпревари -потенцираше Скендеровски.

Според правилата на УЕФА во квалификациите се формираат 6 групи од кои првопласираните селекции заедно со 5-те најдобро второпласирани ќе патуваат за Хрватска на ЕП кое ќе се одржи во Февруари 2012г.

Квалификации за ЕП Група -3 (Полска)

24. Февруари 2011г. Бјалско Бала

16.30ч. Португалија – Македонија

19.00ч. Полска- Белорусија

25. Февруари 2011г. Бјалско Бала

16.30ч. Белорусија – Португалија

19.00ч. Полска – Македонија

27. Февруари Бјалско Бала

15.30ч. Македонија – Белорусија

18.00ч. Португалија – Полска